19 И секое создание со нетрпение го очекува откривањето на синовите Божји,
20 зашто и созданието не ѝ се покори на суетата доброволно, туку по волјата на Оној Кој го покори, а со надеж,
21 дека и самото создание ќе се ослободи од ропството на распадливоста при славното ослободување на чедата Божји.
22 Зашто знаеме дека целото создание заедно со нас стенка како во породилни болки.
23 И не само тоа, туку и ние самите, кои ги имаме првините на Духот, воздивнуваме во себе, очекувајќи посинување и откупување на нашето тело.
24 Зашто со таа надеж бевме спасени. А надежта што се гледа не е вистинска надеж. Зашто, кој би се надевал во тоа што го гледа?
25 Кога се надеваме, пак, на она што не го гледаме, со трпение го очекуваме.