Римјаните 8:24-30 MK2006D

24 Зашто со таа надеж бевме спасени. А надежта што се гледа не е вистинска надеж. Зашто, кој би се надевал во тоа што го гледа?

25 Кога се надеваме, пак, на она што не го гледаме, со трпение го очекуваме.

26 Исто така и Духот нѐ поткрепува во нашата немоќ; бидејќи ние не знаеме како треба да се молиме. Па сепак, Ду­хот Сам посредува за нас со неис­каж­ли­во воздивнување.

27 А Оној Кој ги истражувал срцата, знае каква е мислата на Духот, бидејќи Тој по волјата на Бога посредува за све­тиите.

28 А знаеме дека на оние што Го љу­бат Бога и се повикани по Негова волја, сѐ им содејствува за добро;

29 зашто оние, кои однапред ги позна, нив и ги предопредели да бидат сообраз­ни со ликот на Неговиот Син, та Тој да биде првороден меѓу многуте браќа.

30 А оние што ги предопредели, тие и ги повика, и кои ги повика, тие и ги оп­равда; кои ги оправда, тие и ги прос­лави.