25 Кога се надеваме, пак, на она што не го гледаме, со трпение го очекуваме.
26 Исто така и Духот нѐ поткрепува во нашата немоќ; бидејќи ние не знаеме како треба да се молиме. Па сепак, Духот Сам посредува за нас со неискажливо воздивнување.
27 А Оној Кој ги истражувал срцата, знае каква е мислата на Духот, бидејќи Тој по волјата на Бога посредува за светиите.
28 А знаеме дека на оние што Го љубат Бога и се повикани по Негова волја, сѐ им содејствува за добро;
29 зашто оние, кои однапред ги позна, нив и ги предопредели да бидат сообразни со ликот на Неговиот Син, та Тој да биде првороден меѓу многуте браќа.
30 А оние што ги предопредели, тие и ги повика, и кои ги повика, тие и ги оправда; кои ги оправда, тие и ги прослави.
31 Што да речеме, пак, на ова? Ако е Бог со нас, кој ќе е против нас?