28 А знаеме дека на оние што Го љубат Бога и се повикани по Негова волја, сѐ им содејствува за добро;
29 зашто оние, кои однапред ги позна, нив и ги предопредели да бидат сообразни со ликот на Неговиот Син, та Тој да биде првороден меѓу многуте браќа.
30 А оние што ги предопредели, тие и ги повика, и кои ги повика, тие и ги оправда; кои ги оправда, тие и ги прослави.
31 Што да речеме, пак, на ова? Ако е Бог со нас, кој ќе е против нас?
32 Оној, Кој не Го поштеди ни Својот сопствен Син, туку Го предаде за нас сите, зарем нема да ни подари со Него сѐ?
33 Кој ќе ги обвини избраниците Божји? Бог е Тој Кој ги оправдува!
34 Кој е тој што ќе суди? Христос Исус, Кој умре, но уште и воскресна, Кој е од десната страна на Бога и се застапува за нас!