31 Што да речеме, пак, на ова? Ако е Бог со нас, кој ќе е против нас?
32 Оној, Кој не Го поштеди ни Својот сопствен Син, туку Го предаде за нас сите, зарем нема да ни подари со Него сѐ?
33 Кој ќе ги обвини избраниците Божји? Бог е Тој Кој ги оправдува!
34 Кој е тој што ќе суди? Христос Исус, Кој умре, но уште и воскресна, Кој е од десната страна на Бога и се застапува за нас!
35 Кој ќе нѐ одвои од љубовта кон Христос? Дали неволјата? Или маката? Или прогонот? Или гладот? Или голотијата? Или погибелта? Или мечот?
36 Како што е напишано: „Заради Тебе секогаш нѐ убиваат; нѐ сметаат како овци за клање.“
37 Но во сето тоа стануваме повеќе од победници преку Оној Кој нѐ возљуби.