4 за да се исполни заповедта на Законот во нас, кои живееме не по телото, туку по Духот.
5 Зашто оние кои живеат по тело, копнеат за телесното, а кои живеат по Дух – за духовното.
6 Копнежот на телото е смрт, а копнежот на духот – живот и мир.
7 Зашто копнежот на телото е непријателство против Бога, тој не му се подредува на законот Божји затоа што не може.
8 А оние, кои живеат по телото, не можат да Му се допаднат на Бога.
9 Вие живеете не по тело, туку по Дух, само тогаш ако Духот Божји живее во вас. Ако, пак, некој нема Дух Христов, тој не е Негов.
10 Ако, пак, Христос е во вас, телото е мртво за грев, а духот живее поради праведноста.