1 Ви зборувам вистина во името на Христос, не лажам – тоа го сведочи мојата совест во Светиот Дух –
2 дека има голема тага и непрестана болка во моето срце.
3 Зашто повеќе би сакал јас да бидам проклет и одвоен од Христос за браќата свои, моите сродници по тело.
4 Тие се Израилци – ним им припаѓа посинувањето и славата и заветите, ним им беше даден Законот, и богослужењето и ветувањата;