Римјаните 9:15-21 MK2006D

15 Зашто Тој му рече на Мојсеј: „Ќе покажам милост кон оној што ќе го по­милувам, и сожалување кон оној што ќе го сожалам.“

16 И затоа, изборот не зависи од оној кој пожелува, ниту од оној кој трча, туку од Бога, Кој покажува милост.

17 Зашто Писмото му вели на фара­онот: „Токму за тоа те издигнав, за да ја покажам над тебе Својата моќ и името Мое да биде проповедано по целата земја.“

18 Па така, му искажува милост кому што сака, и го закоравува кого што сака.

19 Но ти секако ќе ми речеш: „А зош­то тогаш уште нѐ кори?“ А кој може да се спротивстави на Неговата волја?

20 Ама, човеку, кој си ти што така се спориш со Бога? Зарем она што е рако­творено ќе му рече на својот мајстор: зошто си ме направил такво?

21 Или, пак, грнчарот – зарем не е господар над својата глина, па од една и иста смеса да направи еден сад за по­чес­на, а друг за нечесна употреба?