16 И затоа, изборот не зависи од оној кој пожелува, ниту од оној кој трча, туку од Бога, Кој покажува милост.
17 Зашто Писмото му вели на фараонот: „Токму за тоа те издигнав, за да ја покажам над тебе Својата моќ и името Мое да биде проповедано по целата земја.“
18 Па така, му искажува милост кому што сака, и го закоравува кого што сака.
19 Но ти секако ќе ми речеш: „А зошто тогаш уште нѐ кори?“ А кој може да се спротивстави на Неговата волја?
20 Ама, човеку, кој си ти што така се спориш со Бога? Зарем она што е ракотворено ќе му рече на својот мајстор: зошто си ме направил такво?
21 Или, пак, грнчарот – зарем не е господар над својата глина, па од една и иста смеса да направи еден сад за почесна, а друг за нечесна употреба?
22 Што, ако Бог, сакајќи да го покаже гневот Свој и да ја пројави Својата моќ, со голема долготрпеливост трпел некои садови на гневот, приготвени за погибел,