Римјаните 9:19-25 MK2006D

19 Но ти секако ќе ми речеш: „А зош­то тогаш уште нѐ кори?“ А кој може да се спротивстави на Неговата волја?

20 Ама, човеку, кој си ти што така се спориш со Бога? Зарем она што е рако­творено ќе му рече на својот мајстор: зошто си ме направил такво?

21 Или, пак, грнчарот – зарем не е господар над својата глина, па од една и иста смеса да направи еден сад за по­чес­на, а друг за нечесна употреба?

22 Што, ако Бог, сакајќи да го покаже гневот Свој и да ја пројави Својата моќ, со голема долготрпеливост трпел некои садови на гневот, приготвени за погибел,

23 за да го покаже богатството на Својата слава над садовите на мило­срдието што Тој однапред ги приготвил за слава,

24 над нас, кои нѐ повика не само од Јудејците, туку и од незнабошците?

25 Така се вели и во книгата на Осија: „Ќе го наречам Мој народ оној кој не беше Мој народ, и возљубена – онаа што не беше возљубена.“