21 Или, пак, грнчарот – зарем не е господар над својата глина, па од една и иста смеса да направи еден сад за почесна, а друг за нечесна употреба?
22 Што, ако Бог, сакајќи да го покаже гневот Свој и да ја пројави Својата моќ, со голема долготрпеливост трпел некои садови на гневот, приготвени за погибел,
23 за да го покаже богатството на Својата слава над садовите на милосрдието што Тој однапред ги приготвил за слава,
24 над нас, кои нѐ повика не само од Јудејците, туку и од незнабошците?
25 Така се вели и во книгата на Осија: „Ќе го наречам Мој народ оној кој не беше Мој народ, и возљубена – онаа што не беше возљубена.“
26 И на она место, каде што им беше речено: „Вие не сте Мој народ“, таму ќе бидат наречени синови на живиот Бог.
27 А Исаија извика за Израил: „Кога Израилевите синови би биле бројни како морскиот песок, само остатокот ќе биде спасен“,