26 И на она место, каде што им беше речено: „Вие не сте Мој народ“, таму ќе бидат наречени синови на живиот Бог.
27 А Исаија извика за Израил: „Кога Израилевите синови би биле бројни како морскиот песок, само остатокот ќе биде спасен“,
28 зашто ќе го заврши делото и ќе реши по правда: „Господ ќе го изврши во потполност словото на земјата.“
29 И како што прорече Исаија: „Ако Господ Саваот не ни беше оставил потомство, ќе станевме како Содом и ќе заприлегавме на Гомора.“
30 И што да кажеме сега? Незнабошците, кои не бараа праведност, добија праведност, и тоа праведност што доаѓа од верата.
31 И Израил, кој тежнееше кон некаков закон за праведност, не го достигна Законот на правдата.
32 Зошто? Зашто не го побара од вера, туку од делата на Законот. Се препна од каменот за сопнување,