30 И што да кажеме сега? Незнабошците, кои не бараа праведност, добија праведност, и тоа праведност што доаѓа од верата.
31 И Израил, кој тежнееше кон некаков закон за праведност, не го достигна Законот на правдата.
32 Зошто? Зашто не го побара од вера, туку од делата на Законот. Се препна од каменот за сопнување,
33 како што е напишано: „Еве, полагам на Сион камен за сопнување и карпа за соблазна; и секој, кој верува во Него нема да се посрами.“