4 Тие се Израилци – ним им припаѓа посинувањето и славата и заветите, ним им беше даден Законот, и богослужењето и ветувањата;
5 нивни се и татковците, од кои потекнува и Христос, Кој е Бог на сите, благословен до века. Амин!
6 А не е можно словото Божјо да изневерило: бидејќи не се Израил сите оние што се од Израил.
7 Ниту, пак, се сите потомци Авраамови, затоа што се негови чеда; но речено е: „Од Исак потомството ќе се нарече со твое име.“
8 Односно, не чедата на телото се чеда Божји, туку чедата на ветувањето ќе се признаат како потомци.
9 Бидејќи зборовите на ветувањето се овие: „Во тоа време ќе дојдам и Сара ќе има син.“
10 И не само таа, но и Ревека, која наеднаш зачна од Исак, нашиот татко,