6 А не е можно словото Божјо да изневерило: бидејќи не се Израил сите оние што се од Израил.
7 Ниту, пак, се сите потомци Авраамови, затоа што се негови чеда; но речено е: „Од Исак потомството ќе се нарече со твое име.“
8 Односно, не чедата на телото се чеда Божји, туку чедата на ветувањето ќе се признаат како потомци.
9 Бидејќи зборовите на ветувањето се овие: „Во тоа време ќе дојдам и Сара ќе има син.“
10 И не само таа, но и Ревека, која наеднаш зачна од Исак, нашиот татко,
11 зашто, уште додека не се беа родиле близнаците и сѐ уште ништо не беа направиле, добро или лошо, за да остане така како што Бог по избор одредил,
12 не заради делата, туку заради Оној Кој повикува, ѝ беше речено: „Постариот ќе му служи на помладиот“,