9 Бидејќи зборовите на ветувањето се овие: „Во тоа време ќе дојдам и Сара ќе има син.“
10 И не само таа, но и Ревека, која наеднаш зачна од Исак, нашиот татко,
11 зашто, уште додека не се беа родиле близнаците и сѐ уште ништо не беа направиле, добро или лошо, за да остане така како што Бог по избор одредил,
12 не заради делата, туку заради Оној Кој повикува, ѝ беше речено: „Постариот ќе му служи на помладиот“,
13 како што е напишано: „Јаков го возљубив, а Исав го намразив.“
14 Што да речеме пак? Зар има неправда во Бога? Никако!
15 Зашто Тој му рече на Мојсеј: „Ќе покажам милост кон оној што ќе го помилувам, и сожалување кон оној што ќе го сожалам.“