10 Зашто со срцето се верува за праведност, а со устата се исповедува за спасение,
11 зашто Писмото вели: „Секој, кој верува во Него, нема да се засрами.”
12 Но нема разлика меѓу Јудеец и Грк; зашто еден и ист е Господ на сите; богат за сите, кои Го повикуваат,
13 зашто: „Секој, кој ќе го повика Господовото име, ќе се спаси.”
14 Но, како ќе Го повикаат Оној, во Кого не поверувале? А како ќе поверуваат во Оној, за Кого не чуле? А како ќе чујат без проповедник?
15 И како ќе проповедаат, ако не се испратени, како што е напишано: „Колку се прекрасни нозете на оние, што проповедаат мир, кои го навестуваат доброто!”
16 Но сите не го послушаа Евангелието, зашто Исаија вели: „Господи, кој и поверувал на нашата проповед?”