13 зашто: „Секој, кој ќе го повика Господовото име, ќе се спаси.”
14 Но, како ќе Го повикаат Оној, во Кого не поверувале? А како ќе поверуваат во Оној, за Кого не чуле? А како ќе чујат без проповедник?
15 И како ќе проповедаат, ако не се испратени, како што е напишано: „Колку се прекрасни нозете на оние, што проповедаат мир, кои го навестуваат доброто!”
16 Но сите не го послушаа Евангелието, зашто Исаија вели: „Господи, кој и поверувал на нашата проповед?”
17 И така, верата доаѓа од слушањето, а слушањето од Христовото слово.
18 Но велам: „Зар тие не слушнаа?” Напротив: „Гласот им излезе по целата земја, и нивните зборови до крајот на светот.”
19 Пак прашувам: „Зар Израел не разбра? Мојсеј прв рече: „Јас ќе предизвикам ревност во вас - преку оние, што не се народ и ќе разбудам во вас гнев, против еден неразумен народ.”