8 Но што зборува таа: „Словото е близу до тебе, во твојата уста и во твоето срце,” односно, словото на верата, која ја проповедаме.
9 Зашто, ако со твојата уста исповедаш, дека Исус е Господ и ако во твоето срце поверуваш, дека Бог Го воскреснал од мртвите, ќе бидеш спасен.
10 Зашто со срцето се верува за праведност, а со устата се исповедува за спасение,
11 зашто Писмото вели: „Секој, кој верува во Него, нема да се засрами.”
12 Но нема разлика меѓу Јудеец и Грк; зашто еден и ист е Господ на сите; богат за сите, кои Го повикуваат,
13 зашто: „Секој, кој ќе го повика Господовото име, ќе се спаси.”
14 Но, како ќе Го повикаат Оној, во Кого не поверувале? А како ќе поверуваат во Оној, за Кого не чуле? А како ќе чујат без проповедник?