13 Помагајте им на светите во нивните потреби! Ревнувајте во гостољубие!
14 Благословувајте ги оние, кои ве гонат: благословувајте ги, а не проколнувајте ги!
15 Радувајте се со оние, кои се радуваат и плачете со оние, кои плачат!
16 Бидете едномислени едни кон други! Не стремете се кон високи нешта, туку држете се за скромните! Не сметајте се сами себеси мудри!
17 Никому не враќајте зло за зло! А размислувајте за тоа што е добро пред сите луѓе!
18 Ако е можно, доколку зависи од вас, бидете во мир со сите луѓе!
19 Не одмаздувајте се за себе, возљубени; туку дајте му место на Божјиот гнев, зашто е напишано: „Одмаздата е Моја, Јас ќе ја отплатам! - говори Господ.”