Римјаните 12:2-8 MKB

2 Немојте да се прилагодувате со овој свет; туку, преобразувајте се преку обновувањето на вашиот ум, за да можете да ја дознаете која е добрата, угодна, и совршена Божја волја!

3 Зашто, преку благодатта што ми е дадена, му велам на секој еден помеѓу вас: да не мисли за себе повеќе отколку што треба да мисли - туку мислите нека ви бидат насочени кон разумно размислување, според мерата на верата, која Бог му ја доделил секому.

4 Зашто, како што во едно тело имаме многу членови, а сите членови немаат иста служба,

5 така и ние, мнозината, сме едно тело во Христа, а како поединци - членови сме еден на друг.

6 И имаме разни дарби, според дадената ни благодат: ако е пророштво, нека е согласно со верата!

7 Ако е служење нека служи! Ако е некој учител - нека поучува!

8 Кој има дар за утеха - нека утешува! Кој раздава, нека дава богато! Кој управува, нека биде ревносен! Кој покажува милост, нека го прави тоа весело!