5 така и ние, мнозината, сме едно тело во Христа, а како поединци - членови сме еден на друг.
6 И имаме разни дарби, според дадената ни благодат: ако е пророштво, нека е согласно со верата!
7 Ако е служење нека служи! Ако е некој учител - нека поучува!
8 Кој има дар за утеха - нека утешува! Кој раздава, нека дава богато! Кој управува, нека биде ревносен! Кој покажува милост, нека го прави тоа весело!
9 Љубовта нека ви биде нелицемерна! Отстранувајте се од злото, прилепувајте се кон доброто!
10 Љубете се еден друг срдечно со братска љубов! Натпреварувајте се во почитување еден кон друг!
11 Бидете неуморни во ревноста! Бидете пламени во духот! Служете Му на Господа.