8 Кој има дар за утеха - нека утешува! Кој раздава, нека дава богато! Кој управува, нека биде ревносен! Кој покажува милост, нека го прави тоа весело!
9 Љубовта нека ви биде нелицемерна! Отстранувајте се од злото, прилепувајте се кон доброто!
10 Љубете се еден друг срдечно со братска љубов! Натпреварувајте се во почитување еден кон друг!
11 Бидете неуморни во ревноста! Бидете пламени во духот! Служете Му на Господа.
12 Радувајте се во надежта, бидете трпеливи во неволја; постојани во молитва!
13 Помагајте им на светите во нивните потреби! Ревнувајте во гостољубие!
14 Благословувајте ги оние, кои ве гонат: благословувајте ги, а не проколнувајте ги!