1 Секоја душа да им се покорува на претпоставените власти, зашто нема власт, а да не е од Бога; и колку и да се властите, од Бога се поставени.
2 Затоа оној, кој и се противи на власта, и се противи на Божјата наредба; а кои и се противат, ќе ја примат својата осуда.
3 Зашто владетелите не се страв за добро дело, туку за зло. Сакаш ли пак да не се боиш од власта, прави добро, па ќе бидеш пофален од неа.
4 Таа Му служи на Бога за твое добро. Но, ако правиш зло, бој се; зашто не носи напразно меч. Таа е во служба на Бога, гневен одмаздник за оној, кој прави зло.
5 Затоа треба да и се покорувате, не само поради гневот, туку и заради совеста.
6 Затоа плаќате и даноци, зашто се Божји службеници, кои се занимаваат со тоа.
7 Дајте му секому она што сте му должни: кому данок - данок; кому царина - царина; кому страв - страв; кому чест - чест!