Римјаните 13:7-13 MKB

7 Дајте му секому она што сте му должни: кому данок - данок; кому царина - царина; кому страв - страв; кому чест - чест!

8 Не должете му никому ништо, освен да се љубите еден друг, зашто кој го љуби другиот, го исполнува Законот.

9 Зашто заповедите: „Не прави прељуба! Не убивај! Не кради! Не посакувај!” - и ако има уште некоја друга заповед - содржани се во овие зборови: „Љуби го својот ближен како себеси!”

10 Љубовта не му прави зло на ближниот. И така: љубовта е исполнување на Законот.

11 И правете го тоа затоа што го знаете времето во кое сме, зашто е веќе време да се разбудите од сонот; зашто сега спасението ни е поблизу, отколку кога поверувавме.

12 Ноќта помина, а денот наближи. Затоа да ги офрлиме делата на темнината, а да се облечеме во оружјето на светлината!

13 Да одиме пристојно како дење, не во гозби и пијанки, не во блуд и страстољубие, не во препирки и зависти,