1 Примајте го слабиот во верата, не со препирки за мислењата!
2 Еден верува дека смее да јаде сè; а кој е слаб, јаде само зеленчук.
3 Кој јаде, нека не го презира оној, што не јаде; а оној, кој не јаде, нека не го осудува оној, што јаде, зашто Бог го примил.
4 Кој си ти, за да му судиш на туѓ слуга? Тој стои или паѓа пред својот господар; а ќе стои, зашто Господ е силен да го постави да стои.
5 Еден разликува ден од ден, а друг ги смета сите денови еднакви. Само секој да биде наполно уверен во своето мнение!
6 Кој го пази денот, го пази за Господа; кој јаде, јаде за Господа, зашто Му благодари на Бога; и кој не јаде, за Господа не јаде, и тој Му благодари на Бога.