12 И така, секој од нас ќе одговара пред Бога за себе.
13 Затоа, да не се осудуваме веќе еден друг, туку подобро да мислиме за тоа: никој да не поставува пред братот сопки или соблазни!
14 Знам, и уверен сум во Господа Исуса, дека ништо не е нечисто само по себе, туку само за оној, кој смета дека нешто е нечисто - нему му е нечисто.
15 Зашто, ако се жалости твојот брат заради јадење, ти веќе не постапуваш според љубовта. Не погубувај го со твоето јадење оној, за кого Христос умрел.
16 И така, не дозволувајте да се хули на вашето добро!
17 Зашто Божјото Царство не се состои во јадење и пиење, туку во правда, и мир и радост во Светиот Дух.
18 Имено, кој со ова Му служи на Христа, угоден Му е на Бога и мил им е на луѓето.