17 Зашто Божјото Царство не се состои во јадење и пиење, туку во правда, и мир и радост во Светиот Дух.
18 Имено, кој со ова Му служи на Христа, угоден Му е на Бога и мил им е на луѓето.
19 И така, да го бараме она, што е за мир и за заемна надградба!
20 Не разурнувај го Божјото дело - заради јадење! Сè е чисто; но е зло за човекот, кој јаде на соблазан.
21 Добро е да не се јаде месо, ниту да се пие вино, ни да се прави нешто, поради што твојот брат се сопнува или соблазнува, или слабее.
22 Имаш ли вера? Имај си ја за себе пред Бога! Блажен е оној, кој не се осудува себеси за она, што го смета за добро.
23 А кој се сомнева кога јаде, се осудува, зашто не е од вера; а сè што не е од вера, грев е.