Римјаните 15:13-19 MKB

13 А Бог на надежта да ве исполни со сета радост и мир во верата, та преку силата на Светиот Дух да ви се збогати надежта.

14 И јас самиот, браќа мои, сум уверен за вас, дека сте и самите полни со доброта, исполнети со секакво знаење и дека можете да се поучувате еден со друг.

15 Но, делумно ви пишав малку послободно, за да ве потсетам на благодатта, која ми ја даде Бог,

16 за да Му бидам служител на Исуса Христа меѓу народите, кој врши света служба на Божјото Евангелие, и да биде мојот принос од народите пријатен, и осветен преку Светиот Дух.

17 И така, можам да се фалам во Христа Исуса за тоа, за Бога,

18 зашто не се осмелувам да кажам нешто што Христос не го извршил преку мене, за да ги доведам народите до послушност, со слово и дело,

19 во силата на знаци и чудеса, во силата на Божјиот Дух. Така што од Ерусалим и наоколу, сè до Илирик, наполно го проповедав Евангелието за Христа.