4 Навистина, сè што е напишано некогаш, напишано ни е нам за поука, за да имаме надеж преку трпението и преку утехата од Писмата.
5 И Бог на трпението и утехата да ви даде едномислие меѓу вас по примерот на Исуса Христа,
6 за да Го славите, еднодушно, со една уста, Бог, Таткото на нашиот Господ Исус Христос.
7 Затоа примајте се еден со друг, како што и Христос ве прими за Божјата слава!
8 Зашто велам, дека Христос им послужи на обрезаните поради Божјата вистина, за да ги потврди ветувањата дадени на татковците;
9 а пак народите Го прославуваат Бога поради Неговото милосрдие, како што е напишано: „Затоа ќе Те исповедам меѓу народите и ќе Му пеам на Твоето име.”
10 И пак рече:” Веселете се, народи, со Неговиот народ!”