6 за да Го славите, еднодушно, со една уста, Бог, Таткото на нашиот Господ Исус Христос.
7 Затоа примајте се еден со друг, како што и Христос ве прими за Божјата слава!
8 Зашто велам, дека Христос им послужи на обрезаните поради Божјата вистина, за да ги потврди ветувањата дадени на татковците;
9 а пак народите Го прославуваат Бога поради Неговото милосрдие, како што е напишано: „Затоа ќе Те исповедам меѓу народите и ќе Му пеам на Твоето име.”
10 И пак рече:” Веселете се, народи, со Неговиот народ!”
11 И пак: „Фалете Го Господа сите народи и да Го слават сите племиња!”
12 И пак Исаија вели: „Ќе се јави подник од Јесеевиот корен, и Оној Кој станува за да владее над народите; на Него ќе се надеваат народите!”