17 Ве молам, браќа, пазете се од оние, кои прават раздори и соблазни против науката, која вие ја научивте, и отстранувајте се од нив!
18 Зашто, таквите не Му служат на нашиот Господ Христос, туку на својот желудник, и со благи и ласкави зборови ги заведуваат срцата на простодушните.
19 Вашата послушност им е позната на сите. Затоа се радувам со вас, но сакам да бидете мудри за доброто, а прости за злото!
20 А Бог на мирот ќе го сотре наскоро сатаната под вашите нозе. Благодатта на нашиот Господ Исус Христос да биде со вас. Амин!
21 Ве поздравуваат: мојот соработник Тимотеј и моите роднини: Луциј, Јасон и Сосипатар.
22 Ве поздравувам во Господа јас, Тертиј, кој го напиша ова писмо.
23 Ве поздравува Гај, домаќинот мој и на целата црква. Ве поздравуваат градскиот благајник Ераст и братот Кварт.