15 Тие покажуваат дека делото на Законот е напишано во нивните срца, за што сведочат: нивната совест и нивните мисли, што меѓусебно се обвинуваат или се бранат,
16 во Денот, кога Бог преку Исуса Христа, според моето Евангелие, ќе ги суди човечките тајни.
17 Ако ти, кој се наречуваш Јудеец, се потпираш на Законот и се фалиш со Бога,
18 ја знаеш Неговата волја и, поучен од Законот, знаеш да го избереш подоброто;
19 и си уверен дека си водач на слепци, светлина на оние, кои се во темнина,
20 воспитач на неразумните, учител на младите, зашто имаш во Законот олицетворување на знаењето и вистината;
21 и така, ти, кој го учиш другиот, не ли се учиш самиот себе? Ти, кој проповедаш да не се краде, крадеш ли?