10 Зашто, ако сме помирени со Бога преку смртта на Неговиот Син, додека бевме непријатели; толку повеќе - веќе помирени - ќе се спасиме во Неговиот живот.
11 И не само тоа, туку и се фалиме со Бога преку нашиот Господ Исус Христос, преку Кого добивме сега помирување.
12 Затоа, како што гревот влезе во светот преку еден човек, а преку гревот - смртта; така смртта помина на сите луѓе, зашто сите згрешија.
13 Имено: гревот беше во светот уште пред Законот; но гревот не се засметува кога нема Закон.
14 Смртта пак царуваше од Адама до Мојсеја и над оние, кои не згрешија со сличен престап како Адам, кој е слика на Оној кој доаѓа.
15 Но дарот на благодатта не е како престапувањето; зашто ако преку престапувањето на еден изумреа мнозина; многу поизобилно се излеа на мнозина Божјата благодат и дарот преку благодатта на еден Човек, Исус Христос.
16 И дарот не бидува како што се случи кога згреши еден. Имено, судот произлезе од еден кој погреши и така доведе до осуда, а благодатниот дар доведе од многу престапи, до оправдување.