2 преку Кого и пристапивме со вера во оваа благодат, во која стоиме, и се фалиме во надежта на Божјата слава.
3 Но не само тоа, туку се фалиме и во неволјите, знаејќи дека неволјата раѓа трпение,
4 трпението - искуство, а искуството - надеж;
5 а надежта пак не разочарува, зашто Божјата љубов е излеана во нашите срца преку Светиот Дух, Кој ни е даден.
6 Зашто, додека уште бевме слаби, Христос умре во определено време за безбожниците.
7 За праведник одвај некој ќе умре, а за добриот можеби некој и ќе се осмели да умре.
8 Но Бог ја покажа Својата љубов кон нас со тоа, што Христос умре за нас, додека уште бевме грешници.