7 За праведник одвај некој ќе умре, а за добриот можеби некој и ќе се осмели да умре.
8 Но Бог ја покажа Својата љубов кон нас со тоа, што Христос умре за нас, додека уште бевме грешници.
9 Сега, откако сме оправдани во Неговата крв, многу повеќе ќе се спасиме од гневот Божји преку Него.
10 Зашто, ако сме помирени со Бога преку смртта на Неговиот Син, додека бевме непријатели; толку повеќе - веќе помирени - ќе се спасиме во Неговиот живот.
11 И не само тоа, туку и се фалиме со Бога преку нашиот Господ Исус Христос, преку Кого добивме сега помирување.
12 Затоа, како што гревот влезе во светот преку еден човек, а преку гревот - смртта; така смртта помина на сите луѓе, зашто сите згрешија.
13 Имено: гревот беше во светот уште пред Законот; но гревот не се засметува кога нема Закон.