Римјаните 6:17-23 MKB

17 Но благодарејќи Му на Бога, зашто вие, откако му бевте робови на гревот, му станавте послушни од сè срце на примерот на науката, на која и бевте предадени

18 па така, ослободени од гревот, станавте слуги на правдата.

19 Зборувам по човечки заради слабоста на вашето тело: како што некогаш ги предадовте вашите членови да им служат на нечистотата и на беззаконието, за беззаконство; така сега предадете ги вашите членови да и служат на правдата, за осветување!

20 Зашто, кога бевте робови на гревот, бевте слободни од правдата.

21 А каков плод имавте тогаш, од оние работи, заради кои се срамите денес, зашто нивниот крај е смртта?!

22 Но сега, откако сте ослободени од гревот и откако се поставивте во служба на Бога - го имате вашиот плод - осветувањето; а вечниот живот - за крај,

23 зашто смртта е плата за грев, но благодатниот Божји дар е - вечен живот во Христа Исуса, нашиот Господ.