5 Зашто ако сме соединети со Него во смртта слична на Неговата, ќе бидеме и во воскресението слично на Неговото.
6 Тоа го знаеме: нашиот стар човек е распнат заедно со Него, за да биде уништено телото на гревот, па да не му робуваме веќе на гревот,
7 зашто тој кој умрел, е оправдан од гревот.
8 А ако умревме со Христа, веруваме дека и ќе живееме со Него,
9 зашто знаеме дека Христос, Кој воскресна од мртвите, веќе не умира: смртта нема веќе власт над Него.
10 Зашто, ако умрел - умрел за гревот еднаш засекогаш, а што живее - живее за Бога.
11 Така и вие сметајте се себеси мртви за гревот, но живи за Бога во Исуса Христа нашиот Господ!