8 А ако умревме со Христа, веруваме дека и ќе живееме со Него,
9 зашто знаеме дека Христос, Кој воскресна од мртвите, веќе не умира: смртта нема веќе власт над Него.
10 Зашто, ако умрел - умрел за гревот еднаш засекогаш, а што живее - живее за Бога.
11 Така и вие сметајте се себеси мртви за гревот, но живи за Бога во Исуса Христа нашиот Господ!
12 И така, нека не царува гревот во вашето смртно тело, па да ги слушате неговите страсни желби!
13 И не давајте му ги вашите членови на гревот за оружје на неправдата, туку предавајте Му се сами себеси на Бога, како оживени од мртвите, а вашите членови на Бога за оружје на правдата!
14 Имено, гревот не ќе има веќе власт над вас, зашто не сте под Законот, туку под благодатта.