Римјаните 7:1-7 MKB

1 Или не знаете ли, браќа - им зборувам на оние, кои го познаваат Законот, дека законот има власт над човекот додека е жив?

2 Така, омажената жена преку закон е врзана за мажот, додека е тој жив; но ако мажот умре, слободна е од законот, што ја сврзал со мажот.

3 Според тоа, ако му стане жена на друг, додека нејзиниот маж живее, ќе биде прељубница; но ако мажот и умре, слободна е од законот, и не е прељубница, ако се омажи за друг.

4 Така и вие, браќа мои, умревте за законот преку Христовото тело, за да Му припаднете на Другиот, Кој воскресна од мртвите, за да Му донесеме плод на Бога.

5 Зашто, додека бевме во телото, во нашите членови дејствуваа грешни страсти, кои Законот ги побудуваше, така што ги донесувавме плодовите на смртта.

6 А сега, се ослободивме од Законот, откако умревме за оној, кој нè потчинуваше, за да служиме во нов дух, а не во старата буква.

7 И така, што да речеме? Дали е Законот грев? Далеку од тоа! Сепак, јас го запознав гревот само преку Законот, зашто не би ја запознал страсната желба, ако Законот не рече: „Не ќе пожелуваш!”