Римјаните 7:4-10 MKB

4 Така и вие, браќа мои, умревте за законот преку Христовото тело, за да Му припаднете на Другиот, Кој воскресна од мртвите, за да Му донесеме плод на Бога.

5 Зашто, додека бевме во телото, во нашите членови дејствуваа грешни страсти, кои Законот ги побудуваше, така што ги донесувавме плодовите на смртта.

6 А сега, се ослободивме од Законот, откако умревме за оној, кој нè потчинуваше, за да служиме во нов дух, а не во старата буква.

7 И така, што да речеме? Дали е Законот грев? Далеку од тоа! Сепак, јас го запознав гревот само преку Законот, зашто не би ја запознал страсната желба, ако Законот не рече: „Не ќе пожелуваш!”

8 А гревот најде повод во заповедта и предизвика во мене секаква желба, зашто без Закон - гревот е мртов.

9 И јас живеев некогаш без Законот; но кога дојде заповедта гревот оживе, а јас умрев;

10 и се покажа дека заповедта, што беше дадена за живот, ме водеше во смрт;