11 Зашто уште додека не беа ни родени близнаците, ниту направиле нешто добро или зло; за да остане онака како што Бог определил по свој избор, да не зависи од делата, туку од Оној Кој повикува;
12 нејзе и беше речено: „Поголемиот ќе му служи на помалиот,”
13 како што е напишано: „Јакова го возљубив, а Исава го замразив.”
14 И така, што ќе речеме? Има ли неправда во Бога? Да не биде!
15 Зашто му вели на Мојсеја: „Ќе го помилувам, кого го милувам и ќе го сожалам, кого го сожалувам.”
16 Според тоа, не зависи од оној, кој сака; ниту од оној, кој трча, туку од милостивиот Бог.
17 Зашто Писмото му вели на фараонот: „Имено, затоа те издигнав, за да ја покажам Мојата сила во тебе и за да се разгласи Моето име по целата земја.”