14 И така, што ќе речеме? Има ли неправда во Бога? Да не биде!
15 Зашто му вели на Мојсеја: „Ќе го помилувам, кого го милувам и ќе го сожалам, кого го сожалувам.”
16 Според тоа, не зависи од оној, кој сака; ниту од оној, кој трча, туку од милостивиот Бог.
17 Зашто Писмото му вели на фараонот: „Имено, затоа те издигнав, за да ја покажам Мојата сила во тебе и за да се разгласи Моето име по целата земја.”
18 Па така: му искажува милост кому сака, а кого сака го прави корав.
19 Сега, ти ќе ми речеш: „Тогаш, зошто укорува? Зашто, кој може да му се воспротиви на Неговиот совет?”
20 Та кој си ти, о човеку, да одговараш против Бога? Зар ракотворбата ќе му рече на својот творец: „Зошто си ме направил така?”