17 Зашто Писмото му вели на фараонот: „Имено, затоа те издигнав, за да ја покажам Мојата сила во тебе и за да се разгласи Моето име по целата земја.”
18 Па така: му искажува милост кому сака, а кого сака го прави корав.
19 Сега, ти ќе ми речеш: „Тогаш, зошто укорува? Зашто, кој може да му се воспротиви на Неговиот совет?”
20 Та кој си ти, о човеку, да одговараш против Бога? Зар ракотворбата ќе му рече на својот творец: „Зошто си ме направил така?”
21 Или зар грнчарот нема власт над глината: од истата смеса да направи еден сад за чесна, а друг за нечесна употреба?
22 А што ако Бог - сакајќи да го покаже Својот гнев и да ја пројави Својата сила - со големо долготрпение, ги трпел садовите на гневот, приготвени за погибел,
23 за да го пројави истовремено богатството на Својата слава над садовите на милоста, што ги приготвил отпорано за слава;