2 Цареви 1:8-14 MKB

8 А тие му одговорија: „Тоа беше човек во кожув и со кожен појас околу половината.” Тој рече: „Тоа е Илија Тесвиецот!”

9 Тогаш му го испрати педесетникот, со неговите педесетмина, и тој отиде кај него и, откако го најде каде седи на врвот на брегот, му рече: „Божји човече! Царот нареди: ‘Слези!’”

10 Илија одговори и му рече на педесетникот: „Ако сум Божји човек, оган нека слезе од небото и нека те проголта, тебе и твоите педесетмина!” И оган се спушти од небото и ги проголта, него и неговите педесетмина.

11 Царот му испрати друг педесетник со неговите педесетмина; а тој, кога дојде, му рече: „Божји човече! Царот го заповеда ова: ‘Слези бргу!’”

12 Илија му одговори и му рече: „Ако сум Божји човек, оган нека слезе од небото и нека ве проголта тебе и твоите педесетмина.” И оган се спушти од небото и ги проголта, него и неговите педесетмина.

13 Царот испрати пак педесетник и неговите педесетмина. Третиот педесетник дојде, ги свитка колената пред Илија и го замоли вака: „Божји човече! Мојот живот и животот на овие педесет твои слуги нека биде скапоцен во твоите очи!

14 Оган се спушти од небото и ги проголта обата педесетници со нивните педесетмина; но сега барем мојот живот нека биде скапоцен во твоите очи!”