1 Во седмата година на Јујовото царување Јоас стана цар, и царуваше четириесет години во Ерусалим. Мајка му се викаше Сивија и беше од Вир-Савеа.
2 Јоас правеше што е право во очите на Господа во текот на сиот свој век, зашто го поучуваше свештеникот Јодај.
3 Ама не ги разурна високите места, и народот уште принесуваше жртви и кадеше на високите места.
4 Јоас им рече на свештениците: „Сите сребреници од посветените дарови што се донесени во Господовиот Дом; сребрениците што му се наметнати некому со преценка, и сребрениците што некој ги донесува по своја волја во Господовиот Дом,
5 свештениците нека земат секој од својот познат, и тие нека го поправат со тоа Домот, каде што ќе се најде некакво оштетување.”
6 Но во дваесет и третата година на царувањето на Јоас свештениците уште не го поправија Домот.