2 Цареви 12:10-16 MKB

10 Кога ќе се видеше дека во ковчегот има многу сребреници, ќе дојдеше царевиот тајник со великиот свештеник, та ќе ги преброеја и ќе ги врзеа сребрениците што се наоѓаа во Господовиот Дом.

11 Преброените сребреници му беа врачувани на управителите на работите за поправка на Господовиот Дом, а тие им исплаќаа на дрводелците и на градежниците, кои работеа во Господовиот Дом,

12 и на ѕидарите и на делкачите на камен, и за набавување на дрво и на делкан камен, одредени за поправка на Господовиот Дом, накратко: за трошоците за поправката на Домот.

13 Но во Господовиот Дом не се правеа сребрени чаши, ни ножеви, ни котлиња, ни труби, ниту било каков предмет од злато или од сребро за сребрениците што беа подарени,

14 туку им ги даваа на работниците кои ги главија за поправка на Господовиот Дом.

15 Не се бараше сметка од луѓето на кои им ги предаваа сребрениците за да ги дадат на трудбениците, зашто тие работеа совесно.

16 Сребрениците од надоместоците за престап и за грев не се внесуваа во Господовиот Дом, туку им припаѓаа на свештениците.