2 Цареви 12:14-20 MKB

14 туку им ги даваа на работниците кои ги главија за поправка на Господовиот Дом.

15 Не се бараше сметка од луѓето на кои им ги предаваа сребрениците за да ги дадат на трудбениците, зашто тие работеа совесно.

16 Сребрениците од надоместоците за престап и за грев не се внесуваа во Господовиот Дом, туку им припаѓаа на свештениците.

17 Тогаш Азаил, арамејскиот цар, тргна на војна против Гат и го освои. Потоа одлучи да тргне против Ерусалим.

18 Јоас, јудејскиот цар, ги зеде сите посветени дарови кои ги посветија јудејските цареви, неговите татковци: Јосафат, Јорам и Охозиј, сè што самиот посвети и сето злато што се најде во ризниците на Господовиот Дом и на царскиот дворец. Сè тоа му го испрати на Азаил, арамејскиот цар, и така тој се оддалечи од Ерусалим.

19 Другите Јоасови дела и сè што направи, зар сè тоа не е запишано во книжниот свиток Летописи на јудејските цареви?

20 Неговите стотници станаа и направија заговор; го убија Јоаса во Вет Мило кога слегуваше во него, на патот за Сило.