2 Цареви 12:3-9 MKB

3 Ама не ги разурна високите места, и народот уште принесуваше жртви и кадеше на високите места.

4 Јоас им рече на свештениците: „Сите сребреници од посветените дарови што се донесени во Господовиот Дом; сребрениците што му се наметнати некому со преценка, и сребрениците што некој ги донесува по своја волја во Господовиот Дом,

5 свештениците нека земат секој од својот познат, и тие нека го поправат со тоа Домот, каде што ќе се најде некакво оштетување.”

6 Но во дваесет и третата година на царувањето на Јоас свештениците уште не го поправија Домот.

7 Тогаш царот Јоас ги повика свештеникот Јодај и другите свештеници и им рече: „Зошто не го поправувате Домот? Отсега веќе не смеете да земате сребреници од своите познати, туку треба да ги дадете за поправка на Домот.”

8 Свештениците се согласија да не земаат сребреници од народот, ама да не го поправаат ни Домот.

9 Тогаш свештеникот Јодај зеде ковчег, засече отвор врз капакот и го стави покрај жртвеникот, десно од влезот во Господовиот Дом. Свештениците, чуварите на вратата, ги ставаа во него сите сребреници собрани во Господовиот Дом.