1 Во негово време дојде Навуходоносор, вавилонскиот цар, и Елијаким му беше потчинет три години, потоа се побуни повторно против него.
2 Овој пак ги испрати против него халдејските ограбувачки чети, арамејските, моавските и амонските, сите ги испрати против Јудеја за да ја запустат, потврдувајќи го словото што Господ го беше објавил преку Своите слуги пророците.
3 Тоа и се случи на Јудеја според Господовата закана дека ќе ја истреби од пред Своето лице заради Манасиевите гревови: заради сè што направи Манасиј,
4 и заради невината крв што ја пролеа, го наполни Ерусалим со невина крв. Господ не сакаше да прости.
5 Другата Елијакимова повест, и сè што направи, зар сè тоа не е запишано во книжниот свиток Летописи на јудејските цареви?